Руските државјани Игор Гиркин, Сергеј Дубински и Олег Пулатов се меѓу осомничените именувани од холандските истражувачи
Меѓународните истражители ќе и се обратат на Русија со барање за испрашување на осомничените во случајот за несреќата на соборениот авион МХ17, изјави холандскиот обвинител Фред Вестербек на прес-конференцијата во средата.
“Ние не бараме нивната екстрадиција, бидејќи законите на Русија и Украина не дозволуваат предавање на осомничените”, истакна тој. Сепак, иследниците имаат за цел да побараат нивно испрашување, додаде Вестербек.
Руските државјани Игор Гиркин (познат под алијас “Стрелков”), Сергеј Дубински и Олег Пулатов, како и украинскиот државјанин Леонид Карченко, се меѓу осомничените именувани од холандските истражувачи.
Вестербек, исто така, информираше дека Заедничкиот истражен тим (ЗИТ) ќе ја продолжи кривичната истрага за авионската несреќа.
За несреќата на MХ17
Авионот од типот “Боинг-777”, управуван од Малезија ерлајнс, се урна на 17 јули 2014 година, на пат од Амстердам до Куала Лумпур, на исток од Донецк. Како резултат на тоа, во несреќата загинаа 298 лица, државјани на 10 држави. Страните во вооружениот конфликт во Донбас меѓусебно се обвинија дека се соучесници во трагедијата.
На 24 мај 2018 година, Заедничкиот истражен тим (ЈИТ), составен од претставници од Австралија, Белгија, Малезија, Холандија и Украина, ги објави резултатите за кривичната истрага за несреќата на МХ17. Според ЗИТ, “БУК-ракетниот систем кој се користел за соборување на авионот МХ17 потекнува од 53-тата ракетна против воздушна бригада од Курск во Руската Федерација”.
Руското Министерство за одбрана ги отфрли сите обвиненија дека ниту еден ракетен систем на руската армија досега не ја преминал границата меѓу Русија и Украина, додека споменатиот систем бил предаден на украинските вооружени сили во 1986 година .