Свет

Истражен комитет на Русија: Убиството на Дарија Дугина е нарачано

Истражниот комитет на Русија соопшти дека убиството на Дарија Дугина, ќерката на познатиот руски филозоф Александар Дугин, која загина во Москва кога во нејзиното возило била активирана експлозивна направа, било планирано и нарачано.

Податоците добиени во истрагата покажуваат дека злосторството во кое  е убиена Дарија Дугин било претходно  планирано и нарачано, соопшти Истражниот комитет на Русија, пренесе Известија

.

Утврдено е дека експлозивната направа била поставена под автомобилот, под возачкото седиште.

На лице место починала Дарија Дугина која била зад воланот“, се додава во соопштението.

Во моментов, истражителите, со учество на експерти од Главната управа за судска медицина на Рускиот истражен комитет, ја продолжуваат истрагата. 

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, коментирајќи го настанот, рече дека ги чека резултатите од истрагата.

„Доколку се потврди украинската трага – а оваа верзија ја претстави лидерот на ДНР Денис Пушилин, а мора да се провери од надлежните органи – тогаш треба да зборуваме за политиката на државниот тероризам што ја спроведува режимот во Киев“, напиша Захарова на нејзиниот телеграм канал.

Таа посочи дека во последните години се акумулирани многу факти кои зборуваат во прилог – од политички повици за насилство до учество на украинските државни структури во злосторства.

Дарјиа Дугина е родена во 1992 година, дипломирала на Филозофскиот факултет на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ и работела во Меѓународното евроазиско движење, на чело со нејзиниот татко. 

Дарија Дугина, беше новинарка и целосно ги споделуваше ставовите на нејзиниот татко, поддржувајќи ја политиката на Русија кон Украина.

И двајцата беа санкционирани со забрана за патување на Запад како блиски соработници на руските власти.

Related posts

Leave a Comment