Левичарскиот сојуз официјално ја отвори изборната трка. Италијанската Демократска партија, најголемата централно-левичарска партија, ги здружи силите со помала центристичка група со цел да се зајакне до септември, кога планира да спречи победа на десницата во третата по големина економија во еврозоната. Но, сојузот има уште многу да направи и пред се да се прошири и да вклучи и други партии, доколку сакаат да го спречат триумфот на десничарскиот троен пакт на претстојните предвремени избори, кои најверојатно ќе се одржат на 25 септември.
Анкетите во моментов се во корист на десницата, иако лидерот на демократите, Енрико Лета, повторува дека е незамисливо Италија да биде предводена од десничарска влада по Марио Драги.
Евроскептичната десничарска партија Браќа на Италија моментално ужива 24 отсто поддршка. Нејзините сојузници – Напред, Италија, предводен од поранешниот и неприкосновен премиер Силвио Берлускони, и Лигата, заснована на антиимиграциската политика на Матео Салвини – имаат вкупно 12 проценти во анкетите. Тие прогнозираат вкупно околу 29 отсто за демократите обединети со новите сојузници. Левичарскиот сојуз ветува дека ќе се држи до надворешната политика на Драги, пред се во однос на поддршката за Украина. Тие, исто така, велат дека ќе се погрижат Италија да ги спроведе започнатите клучни реформи неопходни за пристап до евра од фондовите на Европската унија. Тие ги претставуваат септемвриските избори како избор меѓу Италија како една од големите европски земји и Италија во сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан и рускиот претседател Владимир Путин. Значи,
Западните медиуми се обидуваат да потсетат дека Ѓорѓа Мелони, лидерката на Браќата на Италија, кој се гледа како иден премиер, „флертувала“ со Орбан, додека Берлускони има долгогодишно пријателство со Путин. Се истражуваат и врските на Салвини со Русија и другите источноевропски влади, со кои склучи десничарски сојузи.
Сепак, Марио Драги, исто така, направи сојуз со десницата, формирајќи широка владина коалиција во која беа Форца Италија на Берлускони, Лигата на Салвини и Пет ѕвезди. Движењето пет ѕвезди се роди од евроскептичната идеја на стенд-ап комичарот Бепе Грило, кој вети дека ќе го укине еврото во Италија. Неговата десна рака и наследник Луиџи ди Мајо ги напушти „ѕвездите“ и пред да се обедини левицата, тој претстави нова централно-левичарска партија, која, како што посочи, е отворена за здружување на силите со левицата и центарот. Пред последната политичка криза, Пет ѕвезди беше најголемата партија во парламентот.
Значи, десната страна на италијанската политика е во постојана кампања без пауза, па чудно е што Енрико Лета е изненаден од десничарскиот примат, иако неговата партија, уште во ерата на Матео Ренци, собираше изборна прашина токму од движењето Пет ѕвезди.
Кампањата на демократите ќе мора да им понуди на гласачите нешто посилно од идентификување на политичките противници со Путин и Орбан, бидејќи стандардот на живеење во моментов е најважната ставка за Италијанците, а тие забележаа дека нивните паричници стануваат се потенки од кризата предизвикана од санкциитенпротив Русија поради војната во Украина. Причината поради која падна владата на Драги е токму затоа што Пет ѕвезди, играјќи ја оваа карта, го поразија владиниот план за буџет за помош на семејствата и економијата во криза. Тие почувствуваа дека Драги, миленикот на Брисел, не се грижи доволно за маките на своите граѓани.
Антиимиграциските партии, според тамошните анкети на јавното мислење, можат да добијат најголема поддршка на изборите, предводени од Џорџа Мелони. Западните медиуми го поврзуваат нејзиното име со радикални промени во италијанската политика, претставуваат потенцијални ризици за економијата на земјата по период на стабилност под влијание на премиерот во заминување, поттикнувајќи ги стравувањата дека десничарската коалиција ќе го ослабне европското единство во деликатен момент. Се сеќаваат на Мусолини, фашистичкото минато, ја споменуваат неговата внука, која е член на Браќата на Италија. На сличен начин, земјата се потресе од Пет ѕвезди пред да ги поразат демократите на Ренци и да ги заземат сите поголеми градови, предводени од Рим. После тоа, „Ѕвездите“ го прелетаа политичкото небо од десно кон лево, а нивниот лидер Луиџи ди Мајо сега се нуди како наследник на Ренци во партијата со ново движење. Ѕвездите се менуваат, само Силвио Берлускони е главна состојка во секоја манџа, па и во онаа што ја крчка Марио Драги, а големи се шансите тој да биде незаменлив и во следната. Исто така, меѓународните обврски на Италија, особено во рамките на ЕУ, оставаат малку простор за радикализам и тоа е една од причините зошто десничарската влада не би била катастрофа – има малку простор за маневри и лепење фашистички и неонацистички етикети.