Свет

И ДЕ НИРО ВО МАШИНЕРИЈАТА НА ДЛАБОКАТА ДРЖАВА : ТРАМП Е ЛУДАК! (ВИДЕО)

И Роберт Де Ниро се вклучи во канонадата на напади врз американскиот претседател Доналд Трамп.По Барак Обама, Џорџ Сорос, се јави и познатата холивудска ѕвезда со жестоки навреди упатени кон Трамп.

Роберт Де Ниро не ги бирашее своите зборови кога ги опишуваше постапките на Трамп за време на пандемијата

„Тој е лудак на кој не му е грижа колку луѓе ќе умрат“.

Вака холивудската легенда го опиша американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Стивен Колберт.

Актерот не го крие своето непријателство кон Трамп – фамозната реченица што ја изговори за време на доделувањето на наградите Тони во 2018, кратко гласеше „F..K Trump“.

Еве што рече тој сега за постапките на Трамп за време на пандемијата, од која досега починале повеќе од 80.000 луѓе во Америка.

“Ова е како да го гледате Шекспир – имате лудак околу кој другите се обидуваат да играат. Никој не му се спротивставува. Во Сенатот се обидуваат тактично да кажат дека тоа е она што се случува … ужасно е. Тој сака повторно да победи на изборите, него не го интересира колку луѓе ќе умраа! “, рече Де Ниро.

Де Ниро исто така рече дека избирачите на Трамп повторно ќе ја направат истата грешка: „Се лажат. Мислат дека му е грижа. Не му е грижа за нив.

Во интервјуто, актерот го пофали градоначалникот на Њујорк, Ендрју Куомо: „Тој направи фантастична работа. Тој го направи она што требаше да го направи Трамп, но Трамп е премногу глуп за да сфати како да го стори тоа“.

Очигледно експонентите на длабоката држава кои се најинволвирани токму во демократската партија, ги засилуваат нападите врз претседателот Трамп со оглед што се наближуваат претседателските избори во САД кои се да се биде или не за демократите, кои се соочуваат со сериозен број на обвиненија за сторени дела против безбедноста на САД и за загрозување на човековите слободи на граѓаните кои се загарантирани со уставот.

Related posts

Leave a Comment