Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров го нарече американскиот претседател Џо Бајден „манијак кој се замислува себеси за светски полицаец“ поради неговите зборови за рускиот лидер Владимир Путин.
„Џо Бајден конечно ги загуби остатоците од својот ум во староста. Сега, обидувајќи се да влезе во улогата на благороден каубој, тој реши да го оцени рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи го „воен злосторник“, рече тој.
Според лидерот на Чеченија, американскиот претседател јавно и гордо зборувал за тоа како на негова иницијатива бил бомбардиран Белград.
Who remembers Joe Biden wanting to bomb Serbia? pic.twitter.com/s4ZRIEyEF2
— Historic.ly (@historic_ly) May 8, 2020
Бајден, исто така, во минатото инсистираше на потребата од инвазија на Ирак и бомбардирање на Сирија.
„И овој манијак, кој се замислува себеси за светски жандар, има храброст да го оцени нашиот претседател?! „Меѓу актуелните лидери на земјите денес нема поозлогласен воен и економски криминалец од Џо Бајден“, нагласи Кадиров на Телеграм.