Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да побегне на Запад и да не гледа назад.
„Зеленски се жали на нападите врз Киев и другите градови… А што мислеше ти, наивен Зеленски? Ти можеш, а другите не можат? Со други зборови, осум години можеше да се бомбардираат цивили, да се уништи инфраструктурата на градовите во Луганск и Доњецк, да се гранатира нуклеарната централа, да се разнесуваат мостови, да се пука во важни објекти, но кога е во прашање вашата глава, одеднаш тоа е невозможно“, напиша чеченскиот лидер на Телеграм.
Во своето обраќање до Зеленски, Кадиров рече дека бил предупреден оти, како што наведе, „Русија сè уште не ни почнала и да престане да се жали“.
„Подобро трчајте пред се да ве стигне. Бегај Зеленски, бегај кон Запад без да гледаш назад“, напиша Кадиров.
Чеченскиот лидер додаде дека сега е „сто проценти задоволен од специјалната воена операција“.