Непознати напаѓачи киднапирале шест девојчиња од училишна возраст и двајца работници од едно училиште во државата Кадуна во северна Нигерија, соопшти денес полицијата.
Во соопштението се вели дека девојчињата и работниците биле киднапирани рано утрово од училиште недалеку од селото Какау Даџи во оддалечената област на државата Кадуна.
Не е познато кои се киднаперите.
Џихадистите од Боко Харам (гранка на Исламската држава) се активни во северна Нигерија, но тие исто така киднапираат луќе поради откуп.