Свет

Карл Билт : Ветото за Македонија и Албанија е вето и за Србија, Црна Гора и Босна

Нема сомнеж дека Брегзит е стратешка катастрофа за ЕУ, но се чини дека малкумина се оние кои сфаќаат дека Унијата се движи во правец на уште една стратешка катастрофа на западниот Балкан, оценува поранешниот шведски премиер и специјален претставник на ЕУ за поранешна Југославија, Карл Билт.

„Минатата недела Франција го блокираше почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија, спротивно на препораката на Европската комисија и војлата на други земји членки. Таквата одлука може да го урне повеќедеценискиот стратешки пристап на ЕУ кон Балканот“, пишува Билт во колумна за Вашингтон Пост.

Во својот текст шведскиот премиер оценува дека француското вето за  Македонија и за Албанија, не е рампа само за овие држави, туку може да се толкува и како вето за влез во ЕУ и за Србија, Црна Гора и Босна.

Related posts

Leave a Comment