КОЈ ИМА ПРОБЛЕМ СО ГЛАВАТА, НЕКА СЕ ПРИЈАВИ НА ЛЕКУВАЊЕ
Да го појаснам вчерашниот насилен инцидент со Томислав Кежаровски, кој, го предизвика самиот тој, пред куќа на моја другарка, во Лисиче. Бесен на мене, невротичен, вон контрола.
Тој не живее на таа улица, но додека бев во позиција да се паркирам во рикверц на единственото слободно место пред портата на другарка ми, тој се створи од нигде никаде, застана на прозорец од моја кола, кој беше полуотворен. И влезе во отворен и намерен конфликт со мене.
Еве, не знам што бара човек пред туѓа порта, врз моја кола, баш во време пред да се паркирам !?
СДСМ, вие да не знаете, пошто го шетавте по ваши митинзи, се сликавте со него ко со Боки и Катици ?
И Катица ни се чинеше своевремено нормална на сите, па видовте што стана.
Кежаровски ми се нафрли со пцовки, со навреди – класично улично и психопатско насилство.
Не знам што мислеше човеков, кој очигледно е дека не размислува воопшто, бидејќи има попуштени нерви, но на тоа доби дека е ,,ѓубре ѓубросано…стока”, го отерав во мајчината најсочно на свет. Кога сфати дека планот му пропаѓа да ме заплаши, тој избега, се оддалечи, излегов од кола и почнав гласно да му викам да се врати за да си ги измери силите со мажи, кои, во тој момент почнаа да излегуваат од куќа.
Како што реков и вчеравечер, се’ е снимено од безбедносни камери и снимките ќе ги видат тие што треба да ги видат.
На нив се гледа дека овој лабилен човек со манијакално однесување, пред да пристигнам чека подалеку од куќата. Јас го одминувам со колата, барам место. Ја вртам колата назад, тој ме гледа од далеку, чекори кон мене, застанува со вклучен мобилен во рака, пред да се доближам. И ме чека пред куќа. Кога застанувам токму пред портата на другарка ми, го здогледувам од лево преку прозорец, по што тој се нафрла.
Немам објаснување како знаел дека во тоа време ќе стасам, но имам две логични тези – во 19 ч.зборував со другарка ми и и’ кажав дека ќе дојдам некаде околу 21 ч. (Настанот се случи некаде околу 20.30). И втора теза – полициски пријателчиња да следеле ГПС и некој му дојавил за моето движење.
Настанот следуваше 24 часа по моето објаснување на јавноста дека станува збор за нелуѓе, кои, не знаат да кажат ни ,,фала” на оние кои го извлекоа Кежаровски од затвор поради тешко кривично дело – обелоденување на име на заштитен сведок во случајот ,,Ореше”.
По статусите, неговата жена јавно ми се закани дека ,,не знам со кого си имам работа”, а вчера пак дека ,,ќе зборувале со поинаков јазик”.
СДСМ, порака до вас. Изолирајте го навреме овој човек, еве и овој ви формирал некаков Сојуз ко Боки. Да не речете утре, како и за Боки и Катица, не сте знаеле, ви се чинеле фини, а вие невини сте.
Еве, јавно ви кажувам и предупредувам дека е непресметлив.
Кежаровски беше и уште е никој и ништо.
Силата која во моментов ја чувствува е токму поради вашата политичка моќ и дружба со високи функционери по митинзи. Вие му делегирате моќ да се чувствува битен и дека се’ му се може.
Тој од жртва, на кој му помагавме, се претвори во уличен насилник. Иако јас не верувам дека луѓе се менуваат, напротив само се кријат и во одреден миг од нив излегува вистинската природа.
За оние со попуштени нерви, сериозен проблем во главите, насилно однесување на јавна површина, си има институции, а тоа се психијатриски установи.
Никому не се плашам. Особено не на ковчести слабаци.
Мене дојде да ме тепа своевремено во редакција покоен Никола ,,Фиком” со двајца батки, една грамада од човек, па откако доби ,,по нос”, потоа сам си отиде.
Томче ,пиќкава” за него е зрно грашоче. Напиша Јоци на својот Фејсбук профил.