Претседателот на Истражниот комитет на Руската Федерација Александар Бастрикин нареди покренување кривична постапка против украинскиот лекар кој повикува на кастрација на заробените руски војници, соопштено е на Телеграм каналот на овој комитет, а пренесува „Спутник“.
Претходно, шефот на украинскиот проект „Мобилна болница“, Генадиј Друзенко јповика преку украинската телевизија на насилство врз заробените руски војници, а оваа наредба им е „дадена на лекарите од мобилните болници“.
„Им дадов инструкции на моите лекари. Отсекогаш сум бил голем хуманист и велев дека штом човек е повреден, тој веќе не е непријател, туку пациент. Но, сега е дадена многу строга наредба да се кастрираат сите мажи, бидејќи тие не се луѓе, туку лебарки. Русите ќе умираат во многу голем број“, изјави украинскиот лекар.
Тој изјави дека русите ќе го паметат кошмарот на украинската земја, како што Германците го паметат Сталинград и додаде дека сите ќе одговараат.
THREAD
Translated Channel 24 videos depict Ukraine Mobile Hospital Head Gennady Druzenko apparently in his own words live stating he “gave strict ORDERS to CASTRATE all the WOUNDED" RUSSIANS "because they are COCKROACHES not humans”
We FUND these ALLIESpic.twitter.com/nyoTtddqz4
— Maajid أبو عمّار (@MaajidNawaz) March 21, 2022