Свет

Кина им порача на САД дека нема да се двоуми да започне војна доколку Тајван прогласи независност

Кина им порача на Соединетите држави дека нема да се колеба да започне војна доколку Тајван прогласи независност, пренесува АФП .

„Ако некој се осмели да го одвои Тајван од Кина, кинеската војска дефинитивно нема да се двоуми да започне војна без разлика на цената“, рече кинескиот министер за одбрана Веи Фенгхе за време на вчерашната средба со американскиот колега Лојд Остин на безбедносен состанок во Сингапур. Ова беше нивната прва средба лице в лице.

Пекинг го гледа Тајван, кој е самоуправна територија, како провинција која еден ден ќе се обедини со кинеското копно и ја застапува политиката на таканаречената „една Кина“. Соединетите Американски Држави, од друга страна, се најважниот меѓународен поддржувач и снабдувач на оружје на Тајван, иако двете земји немаат формални дипломатски односи. Кина, исто така, предупреди во декември дека ќе преземе „драстични мерки“ доколку Тајван се обиде да постигне формална независност. Тоа се случи еден месец откако кинескиот претседател Си Џинпинг го предупреди неговиот американски колега Џо Бајден дека охрабрувањето на независноста на Тајван би било како „играње со оган“. Но, со оваа изјава Кина отиде чекор понатаму.

На синоќешниот состанок, кинескиот министер за одбрана, исто така, рече дека Пекинг ќе  суспендира било каков план за независност на Тајван, Народноослободителната армија нема да има друг избор освен да се бори… и да го уништи секој обид за независност на Тајван, зачувувајќи го националниот суверенитет и територијалниот интегритет“, рече кинескиот министер. Остин му одговори на својот кинески колега дека Пекинг мора „да се воздржи од понатамошни дестабилизирачки дејства против Тајван.”, соопштија од Одделот за медиуми на Стејт департментот на САД. Во меѓувреме, тајванското Министерство за надворешни работи ги опиша кинеските тврдења како „апсурдни“ и им се заблагодари на САД за поддршката, објави „Гардијан“.„Тајван никогаш не бил под јурисдикција на кинеската влада“, рече портпаролката на тајванското Министерство за надворешни работи, Џоан Оу, заклучувајќи: „Народот на Тајван нема да биде подложен на закани со сила од страна на кинеската влада“.

 

Related posts

Leave a Comment