Свет

КИНА И СЕ ЗАКАНИ НА АВСТРАЛИЈА : “ИСТРАГАТА ЗА КОВИД МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА БОЈКОТ”

China and Australia's tenuous relationship | The New Daily

Кинескиот амбасадор ја предупреди австралиската влада дека нејзината истрага за коронавирусот може да предизвика бојкот на кинеските потрошувачи.

Кинескиот амбасадор ја предупреди австралиската влада дека нејзината истрага за новиот коронавирус може да предизвика бојкот на кинеските потрошувачи кои би можеле да престанат да одат во Австралија поради туризам или студии или да престанат да ги купуваат водечките производи за извоз, како што се говедското месо и вино.

Амбасадорот Ченг Џин во интервју за „Острелијан фајненшнал ривју“ (Australian Financial Review)  објавено денес рече дека залагањето за таква истрага може да биде „опасно“ и предвиде дека нема да наиде поддршка.

„Употребата на сомнежи, вина или поделба во толку критично време може само да ги поткопа глобалните напори за борба против оваа пандемија“, рече Ченг.

Австралиската влада повика на истрага за новиот коронавирус, кој за прв пат се појави во Кина на крајот на декември, и промени во Светската здравствена организација поради нејзините наводни пропусти во управувањето на пандемијата.

Австралискиот министер Грег Хант порано изјави дека независна истрага е во интерес на Австралија и светот.

„Видовме дека три милиони луѓе се заразени и повеќе од 200.000 животи се изгубени, се разбира дека мора да има независна истрага“, изјави Хант за “Australian Broadcasting Corp”..

Според неговите зборови, би било многу чудно да не се преиспита еден глобален катаклизмичен настан, додавајќи дека треба да се преземат чекори не само во интерес на Австралија, туку во интерес на човештвото.

Образованието е трета најголема извозна индустрија во Австралија, со најголем број странски студенти кои доаѓаат од Кина. Кина е исто така најголемиот трговски партнер во Австралија.

Related posts

Leave a Comment