Претседателите на САД и Кинa одржуваа блиски контакти и ги споредуваа нивните белешки за коронавирусот, изјави кинескиот амбасадор во Велика Британија Лиу Сјаоминг
Претходно оваа недела американскиот претседател рече дека не е задоволен од Кина затоа што можела да го спречи коронавирусот на самиот почеток, но не го сторила тоа.
„Би сакал Американците да знаат дека Кина не е непријател на Соединетите држави“, рече амбасадорот Лиу за време на гостувањето во емисијата Хардток, на познатиот британски новинар, Стефан Сакура
.„Непријател на САД е овој вирус и Американците треба да ја изберат вистинската цел“, истакна Ли