Министерството за одбрана на Кина на 24 јули предупреди дека е подготвено за војна ако има потег кон независноста на Тајван , обвинувајќи ги САД за поткопување на глобалната стабилност со продажбата на оружје на островот .
Овој месец, Пентагон објави дека американскиот Стејт департмент ја одобрил продажбата на оружје побарано од Тајван , вклучувајќи ги и тенковите и ракетите “Стингер”, кои се проценува дека се во вредност од околу 2,2 милијарди долари.
Кина одговори дека таа ќе наметне санкции за американските фирми вклучени во таков договор.
Кина прави големи напори за мирно обединување, рече портпаролот на Министерството за одбрана, Ву Киан.
“Меѓутоа, мораме цврсто да истакнеме дека барањето за независност на Тајван е во ќор-сокак”, изјави Ву на брифингот за националната одбранбена стратегија, прв по неколку години за нагласување на стратешките проблеми на војската.
“Ако има луѓе кои се осмелуваат да го одвојат Тајван од земјата, кинеската војска ќе биде подготвена да влезе во војна за цврсто да го заштити националниот суверенитет, единство и територијален интегритет”, рече тој.
САД се главниот доставувач на оружје за Тајван , за кој Кина смета дека е просперитетна провинција. Пекинг никогаш не се откажа од употребата на сила за да го доведе островот под нејзина контрола.
Вашингтон нема формални врски со демократскиот Тајван , но е обврзан со закон да му помогне да обезбеди средства за да се одбрани.
Во кинескиот документ за одбрана се вели дека САД “предизвикаа интензивна конкуренција меѓу големите земји, значително ги зголемија трошоците за одбрана … и ја поткопаа глобалната стратешка стабилност”.
Трошоците за одбрана на Кина ќе задржат умерен и стабилен раст, но тоа е релативно ниско, во споредба со другите големи земји, додаде тој.
“Сé уште има голем јаз меѓу кинеските трошоци за одбрана и барањата за заштита на националниот суверенитет, безбедност и развој”, рече тој.
Извештаите за таен пакт со Камбоџа, со кои кинеските вооружени сили обезбедија ексклузивен пристап до дел од поморската база Реам во југоисточна Азија во Тајландскиот залив, не беа во согласност со фактите, додаде Ву.
” Кина и Камбоџа во минатото извршија позитивни размени и соработка во воените вежби, обуката на персоналот и логистиката”, рече тој. “Овој вид на соработка не е насочена кон ниедна трета страна”.