Пекинг ја поздравува позицијата на рускиот претседател Владимир Путин за Тајван, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.
– Високо ја цениме позицијата на претседателот Путин – рече Ванг, запрашан за коментар за ставот на Путин на пленарната седница на рускиот клуб „Валдаи“ во четвртокот, кога рече дека Москва го смета Тајван за составен дел на Кина – пренесе ТАСС.
Според Ванг, принципот „една Кина“ е нешто околу кое постои консензус во меѓународната заедница и ги претставува основните принципи на меѓународните односи.
Путин на состанокот на клубот „Валдеј“ во четвртокот рече дека Русија ги смета неодамнешните посети на американските политичари на Тајпеј како провокации.
Меѓу американските политичари кои неодамна го посетија Тајпеј е и претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.