Еден од најголемите критичари на Новак Ѓоковиќ стана еден од неговите најголеми бранители.
Ник Кирјос, контроверзниот Австралиец, од почетокот на аферата мисли дека Ѓоковиќ има третман кој не го заслужува, а денеска ги прекори своите колеги за тоа како се однесувале во оваа ситуација, пред се Стефанос Циципас и Рафаел Надал.
Страшно ме погодува да видам како реагираат Циципас и Надал…Очигледно секој има свое мислење и тоа е во ред.Но Новак е човек.Замислете како се чувствува,се што сака е малку поддршка од другите играчи.Мислам дека од сите требаше да му се даде. Сигурен сум дека Надал ако беше во слична ситуација, тој ќе бараше од колегите да застанат зад него и да му помогнат“, додаде Кирјос, кој во свој стил рече:
„Циципас, го разбираме твоето гледиште за вакцинацијата, Мареј, секогаш можеме да сметаме на тебе да ги кажеш вистинските работи, а Надал, брат… Каде е твојата поддршка за овој човек?“, праша Австралиецот.
Кирјос изјави и дека Ѓоковиќ му се заблагодарил за поддршката.
„Сакам да го освои турнирот, тоа би било одлично. Сакам да шетам низ Мелбурн со маската на Новак на лицето“, изјави Кирјос.
Расплетот на невидената афера во светот на спортот започнува вечерва во 23 часот и 15 минути, кога Ѓоковиќ ќе сведочи пред Федералниот суд во Мелбурн.