Колумни

КЛИМЕ НОВЕСКИ : ПОШТЕН ЛОПОВ

климе

Поштен лопов
Repetitio est mater studiorum.

Во контекст на претходната позната латинска изрека, сакам да кажам, ем повторам, дека меЏународните душмани на македонскиот род, знаејќи дека Преспанскиот договор е незаконски и дека не е можно истиот да се легализира од правен аспект, решија да одат на опцијата на политичко легитимирање на истиот, со помош на домашните послушници и колаборационисти. Имено, доколку се смени досегашната нелегална власт, која го протурка на сила неуставниот договор, со нова гарнитура, која всушност го сочинува остатокот од релевантни партии во Македонија, и истата таа (гарнитура) го признае Преспанскиот договор како реалност, тогаш истиот (договорот) станува политички легитимен.
На претходново, спонтано се потсетив по  денешниот настап на квазиопозицискиот лидер Мицкоски во Охрид. Тој, меѓу другото, ни‘ промовираше и нова категорија на патриотизам.  „Умерен патриотизам“. И сега се прашувам, што всушност е тоа чудо? Веројатно, нешто како „умерен бранител“ на сопствената земја, или просто дом. На пример ти влегува душманот дома и сака да ти го испотепа семејството и да ти го земе домот. Ти, секако, имаш право да си ги браниш и домот и семејството. Но……..умерено. Го земаш своето оружје и во самоодбрана, го вперуваш во душманот, предупредувајќи го 20-30 пати (најмалку) дека ако не ти ги остави домот и семејството на раат, ти ќе бидеш приморан да пукаш во него. Во меѓувреме тој пука на тебе, но ти, бидејќи умерен, се местиш така наспроти неговите истрели за да куршумите кои те погодуваат, не бидат смртоносни. На пример, му го вртиш задникот истовремено со неговиот истрел и потскокнуваш во висина на истрелот,  за куршумот да те погоди во дебелото месо. И продолжуваш кон душманот со предупредувањата. И сетики туку така следните 19-29 пати (најмалку), се додека не ја искористиш до крај твојата умереност на своето бранителство, според  пропишаното од  меЏународната гостопримство, и се здобиеш и ти со право да пукаш кон непријателот. Но…..можеш да пукнеш само еднаш. Бидејќи умерен. Ако го погодиш саглам, си го спасил домот и семејството, ако не…….Да живее умерениот патриотизам!
Нејсе. Ќе вежбаме да бидеме прецизни. И да јадеме крофни. Колку попрецизни и подебели во задниците, толку поумерени патриоти, секако и поподобни за меЏународната.
Како и да е, сакам да му се заблагодарам на господинот Мицко за неговата иновативност, но тоа што тој го смета за новина и го нарекува „Умерен патриот“, ние, како народ, си го знаеме многу одамна, но поинаку си го викаме: „Поштен лопов“.
Така да, драги пријатели на кои штабот и партијата ви омилеле, да си знаете една работа: Излегувајќи на избори и гласајќи за вакви новокомпонирани колаборационисти, де факто, де јуре, или како сакате веќе, станувате нивни соработници, односно исто така колаборационисти на душманите на родот наш. А ако сеуште не ви е до крај јасно, практикувајте ја познатата латинска изрека од почетокот на колумната. Сигурен сум дека ќе ви текне.

Долу душмани!
Долу колаборационисти!
Македонија вечна!!!

Климе Новески

Related posts

Leave a Comment