КИЕВ – Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко ги предупреди жителите кои го напуштија главниот град на Украина дека нивното враќање се уште не е безбедно, јави Танјуг.
„За жал, денес не можеме да ја гарантираме безбедноста на секој жител. „Секој агол на Украина, секој град и место е загрозен бидејќи Русија ја продолжува варварската војна против нашата земја“, рече Кличко.
Тој рече дека Киев е „сè уште главна цел на Русија“, пренесува CNN.