Варшава – Полска ќе започне игри на среќа со награди вредни до еден милион злоти или 273 000 американски долари за да ги охрабри луѓето да се вакцинираат против Ковид 19.
Секое 2.000. вакцинирано лице кое учествува на лотарија ќе добие 500 злоти (136 американски долари), а двајца учесници ќе освојат еден милион злоти и автомобил со хибриден погон.
Дворжик нагласи дека иако резултатите од анкетите покажуваат дека 69% од Полјаците сакаат да се вакцинираат, најголемиот предизвик е да се осигура дека ќе го сторат тоа.
„Ние започнавме нова рекламна кампања во која учествуваат спортисти, актери и разни познати личности“, рече Дворжик.
Тој ќе ја води лотаријата со помош на државни компании и организации за игри на среќа.
Награди за вакцинираните
Натпреварот ќе биде спонзориран од државни компании и Националната полска лотарија „Totalizator Sportowy“, а секое 2.000. вакцинирано лице кое учествува на лотаријата ќе освои 500 злоти (136 американски долари), а двајцата најсреќни учесници ќе освојат еден милион злоти и хибриден автомобил.
Локалните самоуправи исто така се поттикнуваат преку натпревар да постигнат повисоки стапки на вакцинација, а првите 500 кои ќр достигнат стапка од 75 проценти добиваат 100.000 злоти (27.300 американски долари).
Оваа иницијатива на полската влада беше критикувана од опозициските политичари, кои ја нарекоа прикриено купување гласови.