Кристијано Роналдо се повреди на мечот меѓу Португалија и Србија, па не беше во составот на „Старата дама“ на дуелот против тимот на Емполи во Серија.
Улогата на ѕвезда денеска му припадна на тинејџерот Моисе Кеан кој неодамна дебитираше и за Италија во квалификациите за ЕП 2020.
Во 72-та минута од мечот Кеан го постигна единствениот погодок на мечот, на асистенција на Манџукиќ. Тоа беше 25-та сезонска победа за Јуве кој на девет кола до крајот има 18 бода повеќе од Наполи и е многу блиску до одбрана на титулата.