КОИ СМЕ И КОИ НЕ САКАМЕ ДА БИДЕМЕ
Бојкотот е наше движење, во наш и во интерес на нашите деца, во интерес на Македонецот.
Лицето и срцето на бојкотот се лицата и срцата на македонскиот народ.
Едните (СДСМ) потпишаа, другите (ВМРО-ДПМНЕ), им помогнаа да го изгласаат потпишаното непостоење македонски народ и нација, за после сè, истите тие да ни се нудат како спасители на нацијата.
Партиите и поединците кои го повикуваат народот да гласа за свое непостоење, се испукани пушки во сите идеологии, со една единствена заедничка идеја и цел, лична власт.
Тоа е таа интелектуална и политичка македонска елита?
Ако им ја загребете површината ќе видите дека се работи за безвредност, карактерна, интелелтуална, академска, научна!
Тоа се тие кои од нас бараат на 5 мај да гласаме за нивните кандидати, за било кој од нив, само да им овозможиме цензус после кој тие ќе не испорачаат на Меѓународниот како аморфна, безидентитетска маса, која се откажала од својот идентитет, од личното и од националното достоинство, се откажала од создаденото од нашите претци, од нивните гробови, од нашите цркви, од сѐ што сме.
Ахасвери без татковина, без корен, вејки на ветерот, туѓи во сопствената земја, уште потуѓи надвор од неа.
Луѓе за подсмев.
Фб статус на Професорот Горазд Росоклија