Колумни

КОЛУМНА ТОМЧЕ ШИРКОВ : Зошто БОЈКОТ и дали е оправдан?

Многумина од нас Македонците, конзервативци, суверенисти и родољуби се збунети по ова прашање, збунети се тотално по многу прашања од темата „Избори“. Јас лично, изгледа уште повеќе ги збунив со својот настап и повик пред еден месец и со сегашниов став. Затоа ред е да објаснам…

 

  1. Мојата позиција пред еден месец беше :  Бидете основач на партијата “ Родина Македонија“ со тоа ќе помогнете да има Родољубна партија чија определба е МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЕ и која има свежи и нови патриотски, економски и политички програми.

Но уште по важно е тоа што Родина Македонија е единствената( народна )партија,  на Македонскиот народ ( основана буквално од него, без сомнителни пари и надворешни финансиери) која е отворен систем и прима секого кој е за Македонија и Македонците, а е против северна и погубните договори, т.е “Трите НЕ“. Партија која има потенцијали и капацитети да биде јадрото на обединување на сите оние ( партии и организации) кои сакаат да кажат и направат нешто добро за Македонија. Токму затоа и повикував да се даде подкрепа на Родина и процесот на ОБЕДИНУВАЊЕ на сите промакедонски сили.

  1. Интензивно работев на тоа фамозно и толку посакувано (од сите) обединување. Зошто? 

Затоа што само обединети имавме шанса (каква-таква, всушност никаква) да се бориме против бетонирањето на Северна и против системот Курто-Мурто кој историски најдобро работи во Донтов модел. За тие кој не паметат во минатото имало партии со освоени 39.000гласови , дури со освоени 48.000 гласови кои не освоиле пратеник. Да резимираме Донтовиот изборен модел е кланица за мали и нови партии. Е сега зошто не дојде до обединување кога сите релевантни фактори го знаат горе споменатово, тоа е прашање за 1.000.000$. Одговорот ви го препуштам вам почитувани читатели. Никого не обвинувам и никого не судам, сосема спротивно дел од вината што обединувањето не успеа ја превземам на себе и на своите лимитирани преговарачки позиции. Но тоа е што е. Значи најдоброто нешто за Македонија едноставно го нема, нема “Best Thing“ решение…

3)Токму затоа “Next best thing“ е БОЈКОТ. Има многу фактори зошто е тоа така, според нашите проценки има 45-50 главни фактори зошто Бојкот, но јас ќе издвојам неколку зошто е тоа така:

-Бојкотираме затоа што нема за кого да гласаме ( Ни курто-Ни Мурто) во ситуација кога знаеме дека гласот за малите, нови партии по теорија на најголема веројатност оди кај Курто-Мурто северџаните.

-Бојкотираме затоа што не сакаме да дадеме легитимитет и легалитет на процесот “Бетонирање на северна“

-Бојкотираме затоа што ги игнорираме сите процеси на кои не можеме да делуваме, т.е НЕ ИМ ЈА ИГРАМЕ НАМЕСТЕНАТА ИГРА

– Бојкотираме за да утре имаме кредибилитет и “Образ“ во некој сменети геостратегиски услови да застанеме пред некој институции и фактори и да кажеме : “ Да точно е насила ни ја преименуваа државата и шверцерски, НЕЛЕГАЛНО пробуткаа штетни договори и закони, но останаа 500-700.000 Македонци и македонски граѓани кои не го гласаа тоа, кои не го верификуваа сето тоа. 

-Бојкотираме за да извршиме промена на изборниот модел, по систем “Soft power”

-Бојкотираме за да не им дадеме “Нормативно-правен“ основ да ни ја одземат Република Македонија. Пр. Албанците во 1991год. не гласаа за асномскиот устав и се здобија со нормативно право во 2001 ( во променети геостратешки услови) да побараат негова смена, зошто тие никогаш не се согласиле со тој устав. Друг пример : Сите оние кој во 1947год. потпишале национализација и апроприација на личниот имот, во независна Р.Македонија не добија право на Денационализација на имот, никој не ги праша зошто и како потпишале за национализација?

-Бојкотираме за доброто на малите и нови партии ( идни наши коалиционери и подржувачи) со бојкотот ќе го намалиме % на потребни гласови за влез во парламент, ако во услови на нормална излезност , пратеник се освојува со 12.000 гласови по изборна единица, во услови на општ бојкот , пратеник ќе се освојува со 8000 гласови, примерно. Со други зборови даваме шанса за : Солза, Бачев, Димче…да ја рушат северна од парламентарната говорница…

-И за крај БОЈКОТИРАМЕ зошто сме Бојкотери, бунтовници против Северна, едноставно не им ги играме игрите на окупаторите, исто како нашите дедовци што Бојкотирале избори во : Румелија, Западните Блгарски покраини, Јужна Бановина…значи за нас Северна е држава-систем на непријателот и во него би влегле само ако има шанси од внатре да го демонтираме. Ако нема НЕ ИМ ИГРАМЕ!

Резиме : Користете го умот ( не мозокот) умот вклучува : Душевна, Духовна и Интуитивна компонента на интегралното човеково поимање. Како што рекле нашите премудри стари :

“ УМ ЦАРУВА ; УМ ПАЗАРУВА ; УМ ГУСКИ ПАСЕ ! “

P.S Ова е мое лично мислење со кое сакам да ве поттикнам на размислување, немам никаква лична корист, придобивка или било каква пресметка…само сакам да кажам и направам нешто добро за МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ.

Томче Ширков

Related posts

Leave a Comment