Свет

Командантите на Азовстал префрлени на истрага во Русија

Двајцата главни команданти, кои ја бранеа фабриката за челик Азовстал во југоисточниот украински пристанишен град Мариупол, се префрлени на истрага во Русија, јави руската државна агенција ТАСС, пренесе во неделата Ројтерс.

Судбината на стотиците борци заробени од руските сили во мај по неколкумесечна опсада на Мариупол е неизвесна. Москва рече дека тие биле прееместени во  ДНР и ЛНР.

Доцна во саботата, ТАСС цитираше анонимен извор од руската полиција дека Свјатослав Паламар , заменик командант на баталјонот Азов, и Серхи Волински , командант на 36-та поморска бригада на украинските вооружени сили, биле префрлени во Русија. Специјалните сили ги преместија од Доњецк, „за да спроведе истрага со нив“, ТАСС го цитира изворот. „Други офицери од различни украински единици исто така беа транспортирани во Русија“, додаде изворот. Ројтерс не можеше да ја потврди вистинитоста на наводите, ниту пак веднаш имаше реакција од Киев. На почетокот на овој месец, Украина објави дека нејзините разузнавачки служби биле во комуникација со заробените борци од фабриката за челик Азовстал.

Баталјонот Азов, воена единица формирана во 2014 година од доброволци од екстремно десничарска политичка ориентација за борба против проруските сепаратисти и 36-та поморска бригада беа клучни во одбраната на фабриката за челик.

Киев бара размена на затвореници со Москва со цел борците да се вратат, но некои руски парламентарци бараат дел од борците да бидат изведени пред лицето на правдата.

Руските агенции на почетокот на јуни објавија дека повеќе од 1.000 борци на Азовстал биле префрлени во Русија на непознати локации за истрага.

Related posts

Leave a Comment