Свет

Командантот на „Азов“ изнесен од фабриката со оклопно возило

Министерството за одбрана на Русија синоќа соопшти дека постројката Азовстал во Мариупол е целосно ослободена и дека министерот за одбрана Сергеј Шојгу за тоа го известил рускиот претседател Владимир Путин, пренесоа агенциите. 

 

Во соопштението се наведува дека Шојгу го информирал Путин за „целосно ослободување на Мариупол од украинските милитанти“.

Руските сили презеле целосна контрола врз подземните објекти на фабриката, пренесува РИА Новости.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека од 16 мај до сега 2.439 припадници на полкот „Азов“ и други украински сили, кои беа блокирани на територијата на фабриката Азовстал, го положиле оружјето и се предале. Тој додаде дека последната група од 531 член на украинските сили се предала вчера.

Од Министерството додаваат дека командантот на „Азов“ бил изнесен од фабриката со специјално оклопно возило од безбедносни причини и за да се избегне одмазда од локалното население поради, како што се наведува, бројни злосторства.

Related posts

Leave a Comment