МОСКВА – Во нападите во последните 24 часа, руските сили елиминираа околу 500 украински милитанти во Харков, во областа Запорожје и самопрогласената Народна Република Доњецк, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.
„Прецизни напади врз местата за привремено распоредување на 40-та артилериска бригада и неонацистичката формација Кракен во градот Харков елиминираа до 200 националисти, вклучително и околу 50 странски платеници и 19 парчиња оружје и воена опрема“, рече Конашенков, додавајќи дека во Артјомовск во Доњецката Народна Република се елиминирани околу 300 националисти и 30 оклопни и моторизирани возила, пренесе ТАСС.
Касарната во која имало над 70 војници е елиминирана со удар на местото на привремено распоредување на украинската 45-та артилериска бригада во близина на населбата Шчербаки во областа Запорожје, рече тој.
Портпаролот на руското Министерство исто така изјави дека 70 украински милитанти и 11 оклопни возила на украинската 128-та планинска нападна бригада се елиминирани во близина на населбите Луговоје и Новоандреевка во областа Запорожје.