Италијанскиот претседател и официјално го задолжи италијанскиот премиер во заминување Џузепе Конте денес, да формира нова влада на социјалдемократите и неговото движење Пет Sвезди, соопшти италијанското претседателство.
Движењето Пет Sвезди и централнолевичарската Демократска партија вчера се согласија да формираат нова влада, предводена од Џузепе Конте, која избегна одржување на предвремени избори, иако неизвесноста останува.
Договорот дојде откако Демократската партија се согласи на барањето од Пет sвезди за Конте повторно да биде премиер. Тие побараа од претседателот да му даде мандат на Конте за формирање нова коалициска влада.
Портпаролот на италијанскиот претседател Серџо Матарела изјави денеска дека Конте го прифатил мандатот.
По состанокот со претседателот Матарел, Конте рече дека веднаш ќе се состане со партиските претставници во обид да се воспостави пост-кризна политика за стабилност, поттикната од лидерот на десницата на Лигата, Матео Салвини, што е можно поскоро.
„Ова е многу деликатна фаза за земјата. Треба да се извлечеме од политичката неизвесност што е можно поскоро “, рече Конте. Тој беше принуден да си даде оставка на 8 август кога Салвини ја повлече својата поддршка за владата. Популистичката влада траеше 14 месеци.
Популистичкото движење „Пет Sвезди“ и демократите се здружија во необичен сојуз за да го спречат обидот на Салвини да дојде на власт откако тој неочекувано ја повлече поддршката за владата и повика на нови избори.
Конте важи за сојузник на Движењето Пет Sвезди и покрај тоа што не беше член на партијата кога стана премиер во јуни 2018 година. Тој беше многу повлечен за време на 14-месечната влада предводена од Движењето Пет Sвезди, но пред да поднесе оставка го осуди Салвини за предизвикување на паѓање на владата.
Засега, се чини дека новиот сојуз ќе ги спречи изборите, иако аналитичарите предупредуваат дека ако Конте успее да формира влада и да добие парламентарна поддршка, малку е веројатно дека тоа ќе трае долго.