Македонија

Координативно тело на Македонците во Европа – До кога Македонците ќе бидат преставувани од политичари што се идентификуваат како анти Македонци и анти уставни елементи?

 

По повод интервјуто на премиерот Зоран Заев, кое вчера беше објавено на македонските портали а дадено за грчка тв станица во кое Заев вели дека Македонија во периодот од нејзиното осамостојување ја краде историјата на соседите,Координативното тело на Македонците во Европа излезе со реакција на ваквите срамни и предавнички изјави.

Во реакцијата се вели :

 

Малоумноста и игнорирањето на сопствената историја се карактеристики на очајни “политичари “ и диктатори во пад

Со самиот настап на еден од грчките медиуми, првиот човек на нелегалната влада , успеа во целост да ја заокружи целта на своето владеење и лично постоење, преку прекројување и распродажба на македонската историја , уништувањето на македонскиот идентитет и нација.

На вакви изјави и антидржавни интереси , споредено низ призмата на европските критериум и принципи, вообичаено е да се има лавина од медиумски и судски обвинувања како и одговорност на сторителот или и морална оставка од “ премиерската” фотеља.
Но за жал, да се вратиме на територијата на настанот и регионот каде главни принципи и вредности се рекети од најразличен вид, корумпирани политичари и владетели.

Македонците во Европа се крајно огорчени и револтирани од вакви непромислени и навредливи изјави за гордоста на македонскиот народ во Македонија и надвор од неа.

Прашањето што неизбежно се поставува :
До кога Македонците ќе бидат преставувани од политичари што се идентификуваат како анти Македонци и анти уставни елементи?

Related posts

Leave a Comment