Во Грција, поточно во Солун, откриен е првиот случај на коронавирус и еден пациент е хоспитализиран.
Порталот „Ворија“ наведува дека станува збор за човек од Кина, додека вестите на телевизијата ЕРТ шпекулираат дека тој бил грчки државјанин.
Директорот на солунската болница Панајотис Паделиадис изјави дека се работи за средовечен човек.
Инфицираното лице е ставено во карантин за анализи.
Пациентот во моментот е во карантин на клиничкиот центар AHEPA, а примерок е веќе испратен до Институтот Пастер за да се утврди дали станува збор за смртоносен вирус или едноставен случај на грип. Резултатите ќе бидат објавени до утре.