Свет

Кралицата го одобри планот на Џонсон

 

Лондон – Британската кралица Елизабета Втора го одобри планот на премиерот Борис Џонсон за суспендирање на парламентот, објави Националниот совет на Велика Британија.

Во соопштението се вели дека парламентот ќе биде суспендиран од 9 до 12 септември до 14 октомври, пренесува Ројтерс.

„Указот на Нејзиното Височество до Советот денес е парламентот да биде суспендиран, не пред понеделник 9 септември и најдоцна до 12 септември, и до 14 октомври“, се вели во соопштението.

Претходно, лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин и пиша на кралицата Елизабета при што изрази голема загриженост за планот на премиерот Борис Џонсон да го суспендира парламентот до 14-ти октомври.

Корбин побарал средба со кралицата, пренесува Ројтерс. Лидерот на Лабуристичката партија рече дека неговата партија ќе стори сé за да ја спречи владата да го суспендира парламентот.

Тој рече дека прво ќе се залага за нацрт-законот за спречување на суспендирањето на парламентот, а потоа ќе побара гласање за недоверба на владата.

Друга помала опозициска партија, противници на Брегзит, либерал-демократите објавија дека и тие и пишале на кралицата и изразија загриженост за последниот потег на британскиот премиер.

Related posts

Leave a Comment