Историското ВМРО е формирано и водено од интелеклтуалната елита на Македонија.
Историската КПМ, до 1945 година е интелектуалната елита на Македонија во која влезе и најголемиот дел на некогашната ВМРО елита.
Примитивците, сељаците, провинцијалците (сите три обележја како ментални и културни категории, не како професионални или географски одредници) ги елиминираа паметните и чесните, ја киднапираа револуцијата и ја проституираа во сопствена полза.
Прво влегуваа во домовите на луѓето и грабаа сѐ што им се допаѓа, а потоа мораа украденото некаде да го сместат па ги изградија вилите на Водно.
Претпоставувам, мирисот на тревата ги потсетуваше дека се овци во трлото на маршалот.
Според личниот (не)морал ги воспитуваа и своите наследници.
И токму тие нивни наследници останаа во Македонија прилагодувајќи се на мултипартиската ДИКТАТУРА подобро од било кој.
Едуцирани колку што можеа да бидат во системот на образование, доедуцирани (индоктринирани) на курсевите организирани од разните НГО-а (сите исти), како што нивните претходници беа индоктринирани во Кумровец.
Интересот, а не идеологијата која ја немаа и ја немаат, ги зачлени во партиите, правилно распоредени во сите македонски партии без исклучок!
Некои се зачленуваа во една, други во неколку, сѐ според „идеологијата“, која партија што нуди во дадениот момент.
Ние ги гласавме и се каравме меѓу себе, се каравме за шљам од кој нормалните луѓе се срамат.
Во Македонија продолжија да се раѓаат и паметни, и воспитани на чесност, на морал, на етичност, цветот на македонскиот интелект и вредности. Тој цвет ако успееше да излезе надвор од земјата, остана таму.
Тие што останаа во Македонија, ничиите деца, ничии партиски, деца на родители кои не испокрале за да имаат ,,статус” во општеството, венееја и венеат сѐ до денес.
Без светлина за да прогледаат, без кислород за да дишат, загушени и тие и македонската држава од ,,децата на државата“, било од биолошките деца на лоповската владеачка багра, било од партиските деца….
Како логичен резултат на ваквиот „историски развој“ имаме исчезнување на македонската држава и еден парадокс?
Луѓе кои со своите способности си ја отвориле вратата на светот и на кои оваа партија, онаа партија, топтан сите партии немаат ама баш ништо да им дадат, се залагаат за зачувување на македонската нација.
Луѓе кои го минуваат животот врз Македонија и врз Македонецот, се залагаат за што побрзо исчезнување на македонската држава и нација.
Ќе спиеме со главите закопани во песок или ќе се разбудиме и сопствената судбина ќе ја земеме во свои раце?
.
(потсетување на пред три години напишаното).
Превземено од фб профилот на Професор Доктор Горазд Росоклија.