Руските научници тврдат дека направиле лек против Ковид 19 на база на моноклонирани антитела и дека тој ќе биде најефикасното оружје на имунолошкиот систем против Ц-протеинот на коронавирусот.
Лекот е создаден на Институтот за молекуларна биологија и имунологија во Москва. Водечкиот научник на тој институт Дмитриј Купрас вели дека препаратот е создаден во соработка со уште два руски институти, а заразените со корона ќе го примаат во форма на инјекции.
Дел од истражувањето го водел Александар Таранин, раководител на лабораторијата за имуногенетика на Институтот за молекуларна клеточна биологија на Сибирскиот оддел на Руската академија на науките. Освен нив трето клучно лице е докторот Владимир Баклаушев од Сојузниот научен клинички центар каде се лекувале пациенти со висок број на антитела. Институтот за молекуларна клеточна биологија има модерна технологија, со која Таранџин изолирал гени кои клонираат антитела.
Рускиот фармацевтски бизнис не сакаше да инвестира пари во тој скап проект, со образложение дека пандемијата на корона ќе заврши за две години, па ќе доживеат финансиско фијаско. Упорните руски истражувачи успеаја да добијат пари од државната програма за генетско истражување. Подготовката ќе чини неколку стотици евра, а ќе ги спасува и пациентите кои имаат дијабетес или висок крвен притисок. Купрас тврди дека една инјекција ќе биде доволна за организмот да почне да се бори.
Сè уште не е познато кога лекот ќе се појави и ќе почне масовно да се користи, но ќе се знае веднаш штом ќе почнат клиничките испитувања. Сличен лек беше направен во САД под името „ регенерон “ .Со овој коктел успешно се лекуваше поранешниот претседател Доналд Трамп.Купрас истакнува дека новиот руски лек е ефикасен против сите познати видови корона.