Свет

Крај на трговската војна: Кина и САД потпишаа договор

Американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот на Кина, Лиу Хе, главен трговски преговарач на земјата, потпишаа трговски договор меѓу двете земји денес во Вашингтон, со што се стави крај на двегодишното затегнување на односите.

Трамп изјави дека ќе ја посети Кина веднаш по потпишувањето на првиот дел од трговскиот договор со земјата.

„Планирам да одам во Кина наскоро“, рече Трамп во Белата куќа.

Зборувајќи за договорот, Трамп го нарече историски и изрази уверување дека „ќе ги исправи недостатоците од минатото и ќе ја обезбеди иднината на економската правда и безбедност за американските работници, земјоделци и семејства“.

Потпишувањето на првиот дел од трговскиот договор треба да спречи трговска војна најавена од Трамп во Пекинг во август 2018 година, со намера да го намали огромниот трговски дефицит што САД го има со втората светска економија.

Според овој договор, Кина се очекува да купи американски производи од четири различни индустриски полиња во вредност од 200 милијарди американски долари во текот на следните две години. Овие се американски индустриски производи, енергетски производи, земјоделски производи и услуги.

Related posts

1 comment

DLM 16/01/2020 at 09:41

Копуков сам си се кани на гости! -наскоро че одел во Кина, како некој да го поканил….

Reply

Leave a Comment