Свет

Кремлин ги отфрли обвинувањата на Ердоган : Ние ги исполнуваме сите наши обврски во Сирија

Поглед на големиот замок Кремlin и кулите на московскиот Кремlin

Портпаролот на Кремлин, Дмитриј Песков, ги отфрли обвинувањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Русија не ги почитува договорите во врска со Сирија, велејќи дека ситуацијата е сосема спротивна и дека Русија ги исполнува сите свои обврски.

Тој исто така истакна дека ситуацијата во Идлиб, каде што се уште има терористи, е многу загрижувачка .

„Во овој случај, не се согласуваме ( со изјавата на Ердоган ). Русија целосно ги исполнува сите свои обврски според договорите од Сочи за зоната Идлиб. Во исто време, жалиме што состојбата таму не е задоволителна . За жал, областа е сè уште местото каде што има голем број терористи кои постојано ги напаѓаат сириските вооружени сили, како и руската база во Кмеим. Ние сме крајно загрижени за тоа “, рече Песков.

Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Русија не ги исполнува своите обврски според договорот за  Идлиб.

За потсетување претставниците на Русија, Иран и Турција, во Астана (сега Нурсултан) во мај 2017 година,се договорија во Сирија да бидат формирани четири зони за деескалација.

Територијата на трите зони се најде под контрола на Дамаск во 2018 година. Четвртата зона, лоцирана во провинцијата Идлиб и делови од соседните провинции Латакија, Хама и Алепо, сè уште не е под контрола на сириските власти. Повеќето од нив ги држат терористите од Ал Нусра кои се во постојани судири со сириската армија.

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган , потпишаа меморандум за разбирање од десет точки на 22-ри октомври. Во него се наведува, меѓу другото, дека единиците на руската воена полиција и Сириската гранична служба се распоредени на сириската страна на сириско-турската граница надвор од зоната на турската операција „Извор на мирот“.

Related posts

Leave a Comment