Нема ништо нелегално во прикривањето на податоците, посочи портпаролот на претседателот
Некои податоци за смртоносниот оган на руската подморница потопена во Баренцовото Море се класифицирани и нема да бидат објавени, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во средата, одговарајќи на прашањето за несреќата.
“Врховниот командант ги има сите информации, но овие податоци не можат да се објават, бидејќи тие се од категоријата апсолутно класифицирани податоци”, истакна Песков. “
“Има класифицирани информации, оваа врвна тајна се чува во интерес на државата и националната безбедност”, рече Песков, инсистирајќи дека “ова е апсолутно нормална практика, кога информациите не се откриваат, тука не постои ништо нелегално”.
Песков одби да коментира дали подморницата имала нуклеарен реактор, велејќи дека ова е прашање за руското Министерство за одбрана.
Четиринаесет морнари починале во пожарот кој избувна на подводен истражувачки брод во руските води на 1 јули, соопшти Министерството за одбрана во изјавата објавена во вторникот. Несреќата се случила додека подморницата вршела батиметриски мерења, односно испитување на дното на морето, струењето и длабочините. Пожарот беше изгаснат “благодарение на самопожртвуваните акции на тимот”, се вели во соопштението. Двајца од морнарите беа одликувани за херои на Русија, а уште седум други беа унапредени во чин капетан од прва класа. Сега подморницата е во арктичкото пристаниште Североморск, главната база на руската Северна флота. Причините за несреќата се испитуваат.
Рускиот претседател Владимир Путин одржа средба со министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Путин му наложи на министерот да отпатува во Североморск за да обезбеди темелна истрага.