ХРОНИКА

Кривична пријава за Лила Стојановска поради затајување данок

Добила 260.000 евра, а преку проекти ветила дека ќе обезбеди 3,5 милиони евра на име на донација за градежната фирма „ДАН – МАК“. За ТВ водителката Лила Стојановска финсиската полиција до скопското обвинителство поднесе кривична пријава за затајување данок. Во финансиска полиција Стојановска била пријавена од градежната фирма „ДАН-МАК“, на која според тврдењата на фирмата, водителката и ветила донација за изготовка на „Проект за интернационална асоцијација за заштита на човекови права“.

Финансиската полиција наведува дека водителката Стојановска во летото 2017 година во три наврати на банкарската сметка добила пари. Вкупно на сметка и легнале 16.095.600 денари. Но, не пријавила данок во висина од 29 илјади евра.

„Расположивите парични средства како остварен приход пријавената Л.С. ги подигнала во целост во готово за себе лично, при што без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017 година до Управата за јавни приходи, не пресметала и не уплатила Персонален данок на доход во висина од 1.788.398 денари, за кој износ го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија“, наведуваат од Финансиската полиција.

Откако во јавноста протекоа информации дека на сметката на Стојановска биле уплатени 260 илјади евра, таа се огласи во дел од медиумите и рече дека сите пари биле вратени на фирмата „ДАН – МАК“. И другите обвинувања од сопственичката на Дан – мак за нејзина поврзаност со БОКИ 13, Стојановска ги негираше и рече дека имаат за цел да и го извалкаат угледот.

Судењето за случајот Рекет во кој е првообвинет Боки 13 денеска не се одржа. На Боки му се влошила здравствената состојба и докторот кој го прегледал во Шутка кажал дека не е е способен да го следи денешното судење. Судијката Васка Николовска Масевска ќе бара друго мислење за неговата здравствена состојба.

„За да се избегнат било какви злоупотреби и манипулација околу неговата здравствена состојба, судот ќе даде наредба Јовановски денеска да биде конзилијарно прегледан од тим лекари од Клиничкиот центар“, рече судијката Николовска-Масевска.

Адвокатот на Боки Дукоски тврди дека ако Јовановски остане во Шутка, ќе има фатални последници.

„Јас не знам каде ова води.  Веројатно треба да умре човекот па да запре постапката“, вели адвокатот Дуковски.

Наредното рочиште е закажано за утре. Обвинителството треба да презентра пораки за овој случај. За изнуда од 1,5 милион евра се обвинети Боки 13 и Катица Јанева. Зоран Милевски призна вина и беше осуден на 3 години затвор.

Related posts

Leave a Comment