Фудбал

Кристијано Роналдо објаснува зошто е различен од Лионел Меси

 

34-годишниот Кристијано Роналдо му оддаде почит на аргентинскиот суперстар, велејќи дека Лионел Меси во текот на својата долгогодишна кариера демонстрирал висок степен на вештина, но освојувањето на титулите во Лигата на шампионите со различни клубови е она што го издвојува од Лионел Меси .

„Нема многу играчи со пет титули во Лигата на шампионите, поради што се чувствувам како да имам посебна врска со натпреварувањето“, рече Роналдо, зборувајќи за неговиот успех.

Меси му се приклучи на каталонскиот клуб на јуниорско ниво во 2000 година и го направи своето деби за првата екипа во 2003 година. Како дел од тимот, тој стана 10 пати шампион на Шпанија и четири пати ја освои Лигата на шампионите. Меси пет пати ја освои Златната топка. Ниту еден играч во светот не успеал во тоа, освен Роналдо.

Роналдо играше за Спортинг, Манчестер Јунајтед , Реал Мадрид и Јувентус. Португалецот петпати ја освои лигата на шампионите и е најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување (126 голови). Еднаш го освои трофејот играјќи за Јунајтед, а уште четири пати додека беше со Реал Мадрид.

Related posts

Leave a Comment