Традиција

КСАНТИКА-Немојте да заборавите на Први Март на вашите дечиња да им врзете по една црвенобела испреплетена нитка, (мартинка)

КСАНТИКА-Немојте да заборавите на  Први Март на вашите дечиња да им врзете по една црвенобела испреплетена нитка, (мартинка) која ќе им даде благослов за здравје, среќа, мир, љубов, убавина, самодоверба, заштита…

Бело црвено да ми бидеш детенце, велеа нашите мајки и баби додека ни ги врзуваа испреплетените црвен и бел конец, од  волна или каков и да е конец, кој се нашол, на нашите детски рачиња…а ние се редевме во ред весели и среќни чекајќи го тоа маѓесно конче да заличи и на секое детско раченце.

И не е ова од вчера од пред 50, 100 години, ова е стара македонска традиција која трае 3000 год. Да токму така.Три илјади години е време минато и реално откога нашите предци, баби, мајки на своите деца и млади им врзуваат црвенобел конец испреплетен во нитка, на раката како симбол на здравјето, убавината,  љубовта, цвеќињата.

Односно белата боја ја симболизира чистотата и личотата а црвената здравје и сила. И како што велат квта да ти биде врела црвена а мислите чисти и бели…Или лицето да ти биде бело, образите црвени, душата милна и спокојна!

Ксантика е празник во кој Античките Македонци верувале дека се случува „измивање на душите“, простување на гревовите, доминација на разбудената пролетна светлина врз зимската темнина, што ги притискала  нивните души, долгата темна студена зима.

Ксантика, Македонците ја преземале како епоним од името на божицата на цвеќињата, љубовта и убавината на божицата Ксантија, која според митолошките податоци постоела во земјата на богот Македон. Божицата Ксантија била многу обожавана и во нејзина чест, тие пролетниот празник го нарекле Ксантика, а првиот месец Ксантик, кој на повеќе места се спомнува во Библијата.

 

Првиот пролетен месец Ксандик (март), во Античка Македонија  бил празнуван како благослов за новиот животен циклус кој доаѓа, кога пролетна светлина се буди и со својата светлина  ја победува зимската темнина. Ова е празник на пролеттаљубовта и природата. Празнувањето се одвивало на улиците и во театрите низ програма од разни игри и ора, музика и посебно извршувани обреди, културни приредби, спортски натпревари, воени дефилеа и сл .

За празнувањето пишувале повеќе антички писатели како биографот на Александар Трети Македонски, Квинтиј Куртиј Руф, Хесихиј,  Јустин и Диодор.

 

Што всушност преставувал празникот Ксантика и кое е неговото суштинско значење, најпрегледно ни го презентира македонскиот професор Ташко Белчев.

Ксантиката е во чест на митот помеѓу македонскиот бог Македон и Ксантија божицата на цвеќињата и љубовта. Записи постојат од  6 век пне.

Според стари преданија, богот Македон кој бил син на семоќниот бог на Диа, до последен здив се вљубил во божицата на цвеќињата, Ксантија. Но злите сили љубоморни на таа искрена и чиста љубов ја претвориле  Ксантија во цвеќе. А кутриот бог Македон, секоја пролет ја барал својата прва и незаборавна љубов низ сите ливади и полиња, кај сите бистри потоци и реки, во сите цветни градини.

Ксантика во Македонија остана незаборавен дел на животот од дамнешни времиња до денешно време. Цврсто е поврзана со празнувањето на Прочка, Цветници, Лазарица, Тодорица, Благовец. Ја гледаме насекаде во народните ракотворби, во посебноста на македонскиот народен вез, во македонските ора, песни, звуците на народните инструменти.

Секогаш е тука во топлото милно Сонце, симболот македонски и во сите полиња со непрегледни мирисни треви и цвеќиња!

 

Припреми

Елизабета Чингарова Матевска

 

 

 

 

Leave a Comment