Турската армија била нападната ова утро кога припадниците на единиците за заштита на Курдите (ЈПГ) испукале неколку артилериски гранати кон позициите на турската армија во северно Алепо.
Според извештаите од Алепо, ЈПГ ги испукал артилериските гранати кон базата на турската армија во близина на градот Кимар.
Во извештаите се вели дека најмалку еден војник на турската армија бил убиен, а тројца други биле ранети како резултат на овој напад од страна на ЈПГ.
Не беа објавени други детали.