Свет

Лавров : Зошто Украина и САД не ги споделија своите снимки од МХ17?

ЕПА / МАКСИМ ШИПЕНКОВ

Москва – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги коментираше снимките од телефонските разговори во врска со уривањето на МХ17, во кои спаѓаат високи руски претставници.

Боингот 777, на малезискиот авио превозник, беше погоден од ракета на 17 јули 2014 година во источна Украина, на пат од Куала Лумпур до Амстердам. Во таа прилика загинаа сите 298 патници, повеќето од нив Холанѓани. Киев и самопрогласените републики во регионот Донбас, каде што се урна авионот, меѓусебно се обвинија дека го срушиле авионот.За потсетување, заеднички истражен тим, управуван од Холандија, упати нов апел до очевидци и откри нови детали за комуникација меѓу руските претставници и бунтовниците во Народна Република Доњецк, бунтовничка група во источна Украина.

Откако зборуваше со малезискиот колега Сејфудин Абдула, Лавров истакна дека во истрагата сè уште немаат фотографии од американскиот сателит, како и податоци за украинските радари.

Тој додаде дека Русија ги повикала малезиските експерти да ги испитаат информациите што ги има земјата во врска со случајот и му ја понуди на Абдула сета помош што Русија може да ја обезбеди во решавањето на истрагата, соопшти Спутник интернешнл.

Малезискиот министер за надворешни работи Сејфудин Абдула изрази намера да ги објави сите информации за несреќата на авионот.

„Малезија останува константнана со цел да ги направи сите информации јавни и да и овозможи на секоја заинтересирана страна која има докази да ги презентира. Пред да ги испитаме сите докази, нема да одлучиме кој бил во право, а кој не“, рече Абдула.

Related posts

Leave a Comment