Македонија

Лавров: НАТО нема да добие ништо со пристапувањето на Македонија во Алијансата

 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека НАТО нема да добие ништо со пристапувањето во воениот сојуз на Македонија во однос на безбедноста.

Сергеј Лавров во изјава за  рускиот весник ,,Комерсант” изјави дека НАТО не постигнал ништо во областа на безбедноста со пристапување на Црна Гора во алијансата и дека нема да добие ништо, дури и кога ќе се приклучат Србија и Македонија.„Тоа значи дека НАТО има само една цел, а тоа е да се запре Русија и да се стори тоа на агресивен начин“, рече Лавров, пренесува Тас .

Related posts

Leave a Comment