Свет

Лавров: Русија ќе одговори на санкциите на САД

Нафтоводите „Северен тек 2“ и „Турски тек“ ќе бидат лансирани и покрај санкциите на САД, рече министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, додавајќи дека Русија планира да одговори на санкциите со нови мерки.

„Ние ќе одговориме на санкциите за да не се повредиме самите себе, но дефинитивно ќе одговориме и сигурно ќе го земеме предвид ова при градење на нашите односи“, рече Лавров во интервју за руската телевизија Перви Канал.

Тој истакна дека не верува оти американските политичари ќе отидат толку далеку во донесувањето вакви одлуки и дека му било тешко да ја разбере ситуацијата, со оглед на тоа дека тој ги познава повеќето од американските конгресмени и сенатори кои гласале за санкциите, кои се претежно демократи.

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се воведуваат  санкции за компаниите кои му помагаат на рускиот „Гаспром“  во завршување на изградбата на гасоводот „Северен тек“ 2, кој ќе ја снабдува ЕУ со таа енергија. САД го сметаат Северен тек 2 за безбедносен ризик за Европа. 

Лавров рече дека Русија е подготвена да ја вклучи својата тешка ракета Сармат и хиперсоничната ракета Авангард во новиот стратешки договор за оружје СТАРТ, доколку тој биде продолжен, пренесува Тас .

Тој додаде дека Русија е подготвена да им ги прике ракетите „Сармат“ на САД.

Лавров истакна дека Москва и Пекинг немаат планови за формирање воен сојуз и потсети дека рускиот претседател Владимир Путин тоа го повтори повеќе пати.

Сепак, Лавров истакна дека Русија и Кина се сојузници во областа на политиката и одбраната на меѓународното право и полицентричните меѓународни односи.

Тој нагласи дека Кина ја користи економската моќ на меѓународната сцена следејќи ги утврдените правила, не обидувајќи се да понижи некого со ултиматуми.

“Татковците на сегашната глобализација се веројатно навредени затоа што се надгледувани според правилата што си ги поставиле. Но, ова е живот, конкуренцијата е слободен пазар, правилата направени во Бретно Вудс кои сè уште постојат”, заклучи Лавров.

Related posts

Leave a Comment