ЕУ прави се за да го ограничи капацитетот на Северен тек 1 и додаде дека Западот не може да и објасни на Русија каков е статусот на турбината Сименс за тој гасовод, кој беше ремонтиран во Канада, вели Сергеј Лавров.
Гасоводот „Северен тек 2“ е подготвен целосно да ги задоволи потребите на европските земји, но е затворен од политички причини, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Северен тек 2 е целосно подготвен да ги задоволи европските потреби за овој вид гориво. Едноставно беше затворен од чисто политички причини“, рече Лавров на прес-конференција во Уганда, пренесува ТАСС.
Тој потсети дека и покрај тоа што при изградбата се почитуваа сите прописи на ЕУ, Европската комисија ретроактивно донесе прописи кои го забавуваат завршувањето на проектот.
Лавров оцени дека ЕУ прави се за да го ограничи капацитетот на Северен тек 1 и додаде дека Западот не може да и објасни на Русија каков е статусот на турбината Сименс за тој гасовод, кој беше ремонтиран во Канада.