Свет

Лавров: Создаваат терен за да се повлечат

Русија верува дека САД  веќе донеле одлука да се повлечат од договорот за отворено небо, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Sergej Lavrov

‘‘ Експертите кои ја следат ситуацијата веруваат дека таквата одлука веќе е донесена во Вашингтон. Ние ги извлекуваме буквално истите заклучоци засновани на нашите контакти со Американците, другите членки на НАТО и потписниците на договорот за отворено небо“, рече Лавров.

Во својата проценка дека Соединетите држави ја обвинуваат Русија за кршење на Договорот, Лавров гледа само подготовка на теренот со изнаоѓање на изговор за тие да се повлечат од Договорот.

Инаку, изминативе неколку години Вашингтон ја обвиниваше Москва дека селективно го спроведува Договорот за отворено небо и дека прекршува некои нејзини одредби.

 

Donald Tramp

 

Тој рече дека сегашната американска администрација е фундаментално против каква било контрола врз воените активности на САД и изрази сомнеж дека доколку САД се повлечат од Договорот за отворено небо, другите земји ќе го следат Вашингтон.

Договорот за отворено небо беше потпишан во Хелсинки во март 1992 година, со цел градење на транспарентност и помагање во следењето на усогласеноста со постојните или идните договори за контрола на оружјето.

 

 

Related posts

Leave a Comment