Регион

Лазански: Планот е Србија и Русија заедно да произведуваат оружје

Image result for мирослав лазански

Постои план Србија и Русија да произведат оружје заедно, вклучувајќи и посложени борбени системи, рече српскиот амбасадор во Москва Мирослав Лазански, по состанокот меѓу претседателот Александар Вучиќ и Владимир Путин во Сочи.

Мирослав Лазански изјави за Спутник дека планот постои, но дека рускиот претседател Владимир Путин не открил конкретно за што станува збор.

“Тој не прецизираше ништо, но ние веројатно може да направиме некои оклопни транспортери, пешадиски борбени возила на тркала. Би можеле да работиме заедно на изработка  на комплетно возило или на некои делови од тие возила. Тука може да има простор за комплементарност. Мислам дека дека станува збор за тешки камиони кои би биле воени и цивилни во исто време. Тоа е нешто што го спомена претседателот Путин “, рече Лазански.

Тој додаде и дека постои план за заедничко производство на некои посложени борбени системи.

„Претседателот Путин истакна дека не само што Русија извезува оружје во Србија, туку и дека Русија увезуваше артилериска муниција од 155 мм од Србија, затоа што имаше калибар од 152. Во својот стандарден калибар, тоа беше калибар на руската, советската армија и Варшавскиот пакт. Така, Русите не направија 155, и ние го направивме тоа, и сега, веројатно, им треба тој калибар и го купуваат од Србија “, рече Лазански.

Related posts

Leave a Comment