Во реванш натпреварот од осминафиналето на ракометната Лига на шампиони, Нант успеа да ја надополни негативата од првиот натпревар и со победа од 30-27 (14-14) против Рајн Некар Левен да обезбеди пласман во четвртфиналето. Првиот натпревар одигран во Германија заврши со победа на „лавовите“ од 34-32.
Почетокот на натпреварот им припадна на гостите, кои имаа и +4 (3-7), но во продолжение Французите се созедоа од првичниот шок и израмнија на 9-9. Во финишот на првиот дел се играше гол за гол, а на одмор се замина со егал резултат 14-14.
Во продолжение ракометарите на Нант го диктираа темпото на игра и имаа предност од 2-3 гола разлика, но Германците беа упорни и не дозволуваа Французите да се одлепат. Во последните десет минути Нант влезе со предност од 25-23 и таа позитива од два гола ја одржуваше до самиот финиш, за да на крајот со гол во последната секунда да слави победа од 30-27.
Кирил Лазаров го заврши мечот со два гола, а најефикасни кај Нант беа Лагарде и Ривера со по осум гола. На спротивната страна Талески остана без учинок, а кај „лавовите“ се истакнаа Липовина и Шмид со по пет гола.
Во четвртфиналето ракометарите на Нант за противник ќе го имаат тимот на Барселона.