Санкциите на Европската унија против Русија и штетат на Европа повеќе отколку на Москва, изјави денеска на прес-конференција во Париз лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен.
– Овие санкции само ги натераа луѓето од земјите на ЕУ да страдаат. Тоа е неуспех на политиката на санкции. Реалноста е дека ние сме поголеми жртви на санкции од Русија – изјави Ле Пен, пренесе ТАСС.
Според неа, ситуацијата се повторува како кога на Русија и беа воведени санкции во 2014 година.
– Наспроти тврдењата на европските влади, руската економија не е на колена. Москва продава повеќе гас, по повисоки цени отколку пред санкциите. Русија најде други трговски партнери – додаде таа.
Ле Пен изрази надеж дека политиката на санкции ќе се преиспита за да се избегне заканата Европа да биде во мрак во отсуство на снабдување со енергија.