Македонија

„Лидер“: Протекоа документи- Нина Групер во МВР е заведена како сторител на кривични дела (ФОТО)

 

Предлог министерката за финансии Нина Ангеловска во електронскиот систем на Министерството за внатрешни работи е заведена како сторител на кривични дела врз кој била поднесена кривична пријава – покажува документот кој до „Економски Лидер“ го доставил свиркач од полицијата.

Ангеловска во МВР има досие со број 0104729/18, а во историјатот на кривични дела стои дека на 22.03.2018, таа сторила дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“, по кое и била поднесена кривична пријава. Останува непознато дали од ОЈО го процесуирале случајот и дали е осудена од судските органи и пресудиле за делото. Оваа личност со досие, на вчерашниот состанок на централниот одбор на владејачката СДСМ беше предложена за функцијата Министер за финансии, пренесува порталот.

Инаку, „Економски Лидер“ работи на, како што пишува, истражување за измамничките походи на нејзината компанија „Групер“, во која има сериозни злоупотреби на даночниот систем во Македонија и злоупотреба на странски бренд. Податоците од истражувањето, порталот ќе ги објави викендов.

Related posts

Leave a Comment