БОГ СЕ ОБЈАВИ! НАВИСТИНА СЕ ОБЈАВИ!
…………………………………………………………….+++
-Утре каде?
-Шо е утре? Ауу да бе водиции! Утре се јаде пача!
-Ааахаахахахахахаха ахахахаха
-Шо ти е бе шљакната? Шо се изнасмеа толку?
-Па смешно ми е дека ден во кој се спојуваат малтене сите најбитни за нас празниции настани Божиќ и Богојавление и Велигден, Крштевање покајание, Пресвета Богородица… ти го сведе на пудинг од свиња-такозвана пифтија! Такви сме ние луѓето си сакаме свињарии:-)))))))
– Не знам …хм…не верувам многу ја у тоа…Мислам знам дека има некоја сила…
-Има и сила,а е личност!
-Е сеа личност…шузнам…
-Уствари знаеш шо ми текна? Па не за џабе сме ПРАВОславие! Знаеш дека уствари Светото Тројство е баш тоа шо нели новокомпонованиве книги за “самопомош” го “измислија”сеа? И “некоја сила”-Свет Дух, и збор=слово-Син,и Личност-креатор Бог! Уствари нашиот троичен Бог е совршена престава за Бога! Подруг и не би можел да биде!
-Хм..па и Кришна е као тројство преставен и него го родила девица!
-Аахахахаха ахахахаха
-Добро шо ти е пак сеа?
-Па добро,има неколку религии кај со божествата им се тројства,него ми текна-шо со тоа?
-Пак не сфатив шо е смешното?
-Па еве,замисли дека ја сум родена од девица? Или ти? И шо? Родени сме од девици. Добро.Ај сеа-воц а поинт? Само си седиме така родени од девици! :-)))))))))))) Дај бре малце подлабоко,па Христовото раѓање не е туку така и без причина! Има причина и тоа огромна и тоа љубовна,толку љубовна шо сеа ни е овозможено на мене и на тебе да Го занемариме и Него и Лјубовта и да кроиме планови за кркање пача! Башка за разлика од Кришна,вишња и јагода,ова е историски докажано(пошто знам дека многу сакаш докази).
-Не верувам во тие докази!
-А веруваш дека постоел Ацо македонски?
-Нормално дека верувам!
-Епа како историските докази за нешто 300 години пред Христа се вистинити,а за ова цело родово стебло од Адам и Ева е напишано до детаљи и историските докази не важат?
– Добро ај широка е темава,а и не викам дека не сум верник-си постам Петок и во среда,си идам во црква..
-Хехе ме потсети на една случка што ја прочитав за св.Серафим Саровски. Некоја прилично грлата жена се издвоила од масата луѓе што била собрана да го види и му рекла:Јас постам секоја среда и Петок,еве сега мислам да го уфрлам и Понеделникот,па што мислите за тоа оче Серафиме? А тој затрепкал со своите добри очички и рекол:
Јас неразбрав сосема…Ако е тоа нешто во врска со јадењето,ќе се случи некогаш да се молиш,ќе заборавиш на јадењето,па нема да јадеш ден ,два,тогаш земи…касни малку….
Сите попаѓале од смеење ,а ревнителката на постот се скрила меѓу луѓето:-)))Така да ако ме разумеш…Не треба да веруваш,туку да ГО познаваш!
Ај наздравје пачата!
Лидија Ѓорѓевиќ