Молска скала со која се пишуваат обично тажни музички дела. Пример, “Реквиемот” на Моцарт е напишан во д- мол.
“Умре Балашевиќ” како ви звучи? Не. Не влегува во уво. Невозможно ви е нели?Нема потреба да копате по учебниците по физика.Има и нешто метафизичко. Секој милитантен атеист не би се сложил со ова, но сепак би напишал( какошто пишуват дека ” засекогаш тој ќе живее”. Како тој засекогаш ќе живее помалку битно, или според нивните сфаќања со неговите дела, а сепак не размислуваат дека неговите дела се креација, тој е само каналот, и мислат дека креативноста доаѓа од мозокот. Мене ова ми е не само смешно размислување, туку и се извинувам- глупаво. А сега и ќе образложам:
Јас себеси се сметам за некој просечен интелект. Но некогаш, ете, онака (какошто би помислил секој просечен атеист, медиокритет) ми “паѓале” генијални идеи и мисли од кои и сама сум се чудела. Сепак, мора да има “интервенција” од Горе. Јас сум толку глупава да едноставно не би можела да ги составам тие реченици кои ми доаѓале од каде ако не од Горе.
Смртта на Џоле ме погоди како да умрел млад човек. Како Тоше да речеме Бог да си го прости. Но сепак Џоле беше во ” оптимумот” на човечкиот век, така да нема потреба од “паѓање во трансови”заради тоашто некој умрел близу својата седма деценија. Но сепак ние паднавме на ниските фрекфенции и се собравме во толкав број пред “Универзална” да му оддадеме почит на генијалецот кој со својата креативност остави траг. Не траг во снег, туку траг во камен. Ох какви стихови! Што е тоа што толку не трогнува кога умира некој кој ни побудил силни емоции со своите дела до ниво како физичка смртна разделба со член од семејството? Се запрашавте ли?
Заплакав слушајќи ги неговите интервјуа. Дури сега, постхумно сфатив дека бил скриен депресивец. Верник, но сепак, секогаш, и во најсреќните моменти- во униние.(православен збор за депресија)
Неговата смрт не самошто ми отвори милион прашања во мојата секогаш загрижена полна со мисли глава, туку и ми ги кажа одговорите. Е тоа е смислата на постоењето на еден гениј. Да ви отвори прашања, а не да блебета со негови одговори.Всушност, одговорите сепак паѓаат од Небо! Од Севишниот. Еден е Креаторот, а Он си бара ликови низ кои може да се покаже во целата Своја Совршеност.
Жал ви е што нема повеќе да може да ве забавува, онака лежерно војвоџанецот нели?( Во едно од интервјуата на констатацијата дека заради тоашто немарно се облекува, сигурно неговата Оља му се лути, тој одговара: Она се грижи за мојот ментален стајлинг и тоа ми е многу поважно.)
Жал ви е што мислите дека би имал уште нешто да докаже, ама ете, оп! Крај! Нека не ви биде.С’е што требал да каже кажал и си отишол Дома. Кај Таткото.Ако баш толку го сакате молете се за спасение на неговата душа.Секој ден! Ете, така ќе му помогнете.
Туку ние” живите” што да праиме во “д- мол”?
Животот ни се претвори во Д- мол и во она што го кажа Џоле: Само црта од датумот на раѓање до датумот на смртта . Животот ви е дар од Бога и вие се задоволувате со тоашто тој ви е само црта!?!????? Еееееј! Луѓееее!
Оние пак кутри сиромаси кои немаат ништо освен пари и моќ мислат дека уживаат. Свртени кон себе.Наместо Богоцентрични, егоцентрични. А не знаат дека “свртен кон себе, а не кон ближните, другите” е дијагноза. Кутрите изгубени души. Што би рекол Балашевиќ у “Блуз мутне воде”:
“На шта се своди живот у води
па ето, грабљивци имају власт,
Гргеч је глупан, али је крупан
па мале рибице гута у сласт.
У дане гладне, кад вода падне
плашљиве рибе не вреде ни грош
наиђу кризе, друкчије гризе,
и само најбољи пливају још….”
Нејсе, кога веќе правам паралела, па и компарација со него, се сепнав гледајќи се себеси некако. Навидум весел екстроверт, внатрешно- бура, милион зборови неизречени и ненапишани.Тежи тоа. Тежи у п.м. А не можеш да ги искажеш.Затоа на прашањето “Како си?” ќе кажеш”Д- мол”.
И ќе бидеш во Д-мол се додека не се” скрасиш”во Љубовта, во Бога и Бог во тебе. Додека не се смириш. Додека не прејдеш во Дур, или во Лидиска скала.И таму е жизната радост.Таму е мојата љубов. И таму сум јас – љубовта на мојата љубов кои пребиваме во Љубовта. Тројство. – Јас, он и Бог.
Убаво ми е сега.Конечно мир.Го слушавме Балашевиќ како никогаш до сега баш оваа зима. Сме го слушале отсекогаш дури и пред Бог да одлучи да “ни го смести дејтот”.
“Ја нисам лузер, ја имам нас, а за свет ко те пита! Сваки је дан Долче Вита и свуд је Холивуд!”- ми рече додека игравме како тинејџери на врвот, а под нас светеше градот во летната ноќ.
Признавам, малку бев “Вештица”, но “друге ми зачас посаде безбојну ружу досаде”ми рече и ете сега” док мирно спава поштен свет, дуго се миримо, то је тек ватромет!”
-Денес сум “руски наштиман”што би рекол Ѓоле.- ми рече еднаш кога бевме одвоени само неколку саати. Израз кој се користи да опише тажно расположение. Тоа се случува кога некој ви недостасува, кога копнеете по него.
Заради автентентичноста на писанието ќе го оставам непреведено:
“Мојој жени Ољи рекао сам- Не морам да одем у Аустралију па да оданде чезнем за тобом.То може да се деси и када си ти на пијаци, а некад се дешава само док спаваш”
Ете, така некако отприлика се комуницира кога некого го чувствуваш како дел од себе.А кога и тој така те чувствува- нема веќе д- мол.
И сега ми текна нешто, и ми тежи да го напишам, а секоја професорка би рекла:
-Лидија, држи се до темата! Гледаш дека темата ти е Балашевиќ!
– Хм, па нели реков дека ми се отворија многу прашања професорке?
– Во ред. Ајде кажи што е надвор од темата, а толку сакаш да го “плукнеш” ти, што баш секогаш мораш да рипаш за нешто?
– Па ете, ја замислив Македонија како дел од мене, нас, како мајка, како жива. Ретки беа оние кои плачеа кога ја погребувавме. Поретки од оние кои се собраа за мојот омилен поет пред “Универзална”. А тогаш дури немаше ни Ковид.
– Честитки! Успеа да ме ставиш во најтемниот д- мол, седи кец!
– Ве ставија другите, а вие со малиот прст не мрднавте. Туку, и деветата симфонија на Бетовен е напишана во д- мол. Драма, беда за на крајот да заврши со “Одата на радоста” кога со песна, музика се прикажува конечната победа на доброто над злото!
– Знаев дека на крај сепак ќе кажеш нешто оптимистично. Не ти го пишувам кецот.Се шегував.И јас го сакам Балашевиќ, а твоево ми дојде како оние негови стихови:
Знам, није лако, све се мање- више зна,
Велике речи сићушне су постале
Нађи бар нешто што светлуца на дну дна,
Изведи неки трик за нас Преостале…..
Лидија Ѓорѓевиќ