Венера, римската божица на љубовта, сексот,убавината и благосостојбата. БЛАГОСОСТОЈБАТА.Интересен збор.Марс и Венера биле сопружници, наводно. На Водно едвај се искачив и промашив брак наводно “уздуж и попреко”.Што че речи -С’е некако како Сизиф кога сум кај митологијата.
Нејсе,
Бог ми ги праќа работниве места,тука имам среќа,(интересното е тоа што никогаш не сум ги барала, сами ми се јавувале и секое било надградба над претходното.Не.Тоа не самошто е интересно тоа е Божја интервенција!!! Тврдам!!!)
Од летоска до сега “качив”девет кила! Па и претходно не бев баш фит.Вау! Страшно!
Супер ми е сега:саат време пешки од дома до работа и назад! Ммм, најверојатно ќе симнам некое килце.Ете меѓудругото зошто ми е новото работно место.
И така јас секој ден си пешачам од Буњаковец до Карпош 4.
Но ете, баш денес ме зачешаа париве:
“Дај бре да си купам некој партал во “СитиМол” уз пат ми е.
Ух! Ај ем ен елијан!а сега и ќе образложам?:
Во 80% од продавниците за гардероба имаше изложено тренерки, патики и пижами! И тоа не е с’е!
Тамо, кадешто никогаш немало, беа на продажба ќебиња,пешкири(крпи за бришење де)…..
Се почувствував како да сум од Венера, онака, симната на Земјава.И си велам:
ЛУЃЕВО НА ОВАА ПЛАНЕТА ГАРАНТ ГИ ПРИПРЕМААТ ЗА ЛЕЖЕЊЕ ДОМА ИЛИ ВО БОЛНИЦИ.Добро, (не е добро, многу добро го знаат натемаговците ова) можеби луѓето ќе збеснуваат па ќе фатат планини, кејови, паркови”, но никогаш не помислив дека тренерка ќе оди со штикла и накит!
Како и да е, прв пат се почувствував како дојдена со временска машина, онаа на Марти, во некое идно време. Тотална неприпадност. Постои таков термин?🤔Вчудоневидена.Во делот кадешто порано беа свечени фустани сега имаше пижами!!!
И маски.Како да сме псета.Маски розеви, црни, шарени, светкави…Маски, маски, маски секаде како моден додаток.Па гледаат која поубаво” ќе им стои”?!?!?#!? Цела фаца не ти се гледа, а ти бираш во каква маска поубаво ќе изгледаш???? Не претворија во комплетни дегенерици.
Не припремаат за нешто? За што?
Ќе лежиме ли цел живот?
Ќе се гушнеме ли?(Патем, ми влета(со маска де)моја драга пријателка со””Само да ти кажам дека многу те сакам”реченица и ме гушна(поздрав Вики)Се стопив!
Ќе не плашат ли дека нема да можеме да си ги видиме сопствените родители, а они сопствените деца и внуци никогаш повеќе?
Дали зборот”детство” ќе се истреби? Во какви ли аутистични роботи ќе прераснат овие нови генерации кои ќе немаат социолошка и улична едукација?
На работа им се смеам на дечињата.За да не се исплашат од мене.Да ми ги видат барем очите насмеани.И им зборувам нешто за да ги насмеам, а им се извинувам на родителите со”Со маскиве ги плашиме децава”
“Ма навикнати се, не се тревожете”-родителите.
Навикнати се!?На што бре?!?!?
Вчера почна првиот ден со полициски час.За многумина ужас-превоз, работно место, обврски ….
За мене-рај! Одам сосема сама по”Партизанска”.Освен една моја бивша љубов, во оние 50минути пешачење по пустите улици во зомби градот не сретнав никого. Претходните денови беа сончеви и луѓето раздвижени. И тогаш се почувствував како од друга планета.Ликовите на девојките кои ги сретнував беа- исти! Исти усни, ист, нос, исти образи, исти веѓи, иста коса. Е навистина не можам да поверувам дека ги направил ист татко.Ќе мора да сме еволуирале во некоја друга раса.Она као црни, жолти, бели и ИСТИ.
Пешачејќи си размислував што е со сите други луѓе во стопанството, Угостителството, индустријата, с’е!!! Со сите нив и нивните семејства? Ете, минатата година со 16души имаше исти мерки, оваа со 3000 мртви(!!!!???????????!!!!???) на два и помалку милион население , Дали “мерките” вродија со плод? Оставка и затвор енибади? Одговорност? Ете вие кажете.
Ја нисам одавде.Јас сум од Венера.А така и изгледам.Тотално се разликувам од Истите. Мене оваа “нова нормалност” ми е непозната.
Во кафана до осум ако седите нема корона.После осум има, а плус и ако некој ви пее на увце готови сте! Кутрите музичари и кафанџии.Ги сотреа, а сами си ѓезмишат коа ќе им се ќеифне и не ги фати корона нели? Владава се однесува како во вицот кога синот го прашал таткото:
-Тато, тато, што се негативни броеви?
-Па сине ако во некој автобус има пет луѓе, а на следната станица се симнат седум,на другата станица треба да се качат двајца за во автобусот да нема никој.
Разбираш?
Разбирате?
Ете така.Ај сеа стаете две маски, очила, капа и скафандер.Немојте случајно да водите љубов без тоа и без потврда од партнерот дека се вакцинирал….Во Србија.Овде се чека “гранапче-кооперација-бизнис зделката” со “тајните служби.
Јас ништо не разбирам, јас сум од Венера.
Инспирирана од новата мода звана”таманење на човештвото”
Лидија Ѓорѓевиќ